Христијанската адвентистичка црква (Црква на адвентистите на седмиот ден) е интернационална христијанска црква, застапена во 204 од постојните 230 земји, признати од ОН.
 

Во светот има повеќе од 15 милиони адвентисти (возрасни, крстени верници) и голем број посетители и симпатизери. Овој број константно се менува бидејќи адвентистите се една од најбрзорастечките христијански цркви во светот, со просечно темпо од над 2000 нови членови дневно на светско ниво.

Радосната порака за Божјата љубов кон човекот и за Христовото скорашно доаѓање тие ја проповедаат на 725 јазика и уште на 1000 дијалекти, преку: лични контакти со своите сограѓани, преку огромен број на печатен материјал, радио и ТВ програми, преку интернет, преку јавни манифестации (предавања) кои често пати се сателитски пренесувани на голем дел од светот истовремено и др.

Адвентистите низ целиот свет развиваат добрососедски односи и заедница со сите луѓе, без оглед на нивната расна, национална, филозофска, верска, политичка или која и да е друга определба и припадност.

Начелно адвентистите политички се неопределени, но се лојални граѓани на својата земна татковина. Тие чувствуваат одговорност пред општеството во кое живеат, ги почитуваат и ги извршуваат своите граѓански и општествени должности.

Своите верувања тие ги засноваат на Светото писмо - Библијата.

Најкарактеристични верувања се:

  • Очекување на второто Христово доаѓање и
  • Празнувањето на Божјиот ден за одмор, седмиот ден - сабота, како дел од Десетте Божји заповеди.

 

 

Ви препорачуваме

Големата борба
Историјата на христијанството: неговиот подем, пад, реформација... Настаните кои го најавуваат Второто Христово доаѓање...
 
повеќе


Времето и знаците
Книга во која се разрешени бројни прашања и дилеми преку одговори исцрпени од Библијата како единствено вистинско мерило ...
 
повеќе



 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески.
Соработка: Михајло Гурев, Никола Христовски. Одговара: Томе Трајков