Ви го претставуваме изборот на литература и други материјали со духовна содржина со кој располага нашата црква, кои се во најголем дел изданија на Адвентистичката издавачка куќа „Знаци на времето“ - Скопје.
Се надеваме дека во нашата понуда ќе најдете четиво кое ќе го збогати Вашиот духовен живот и ќе ги прошири вашите сознанија за Библијата и животно важните теми за кои таа ни зборува.
Се радуваме на нашето идно дружење со Вас преку книгата.


   

 

 


500ден.
(+поштарина)
 
Библија - Свето писмо

 

 

 


150ден.
(+поштарина)
 
Нов Завет

 

 

 


500ден.
(+поштарина)
 
Живот без стрес
Јулијан Мелгоса

„Прва помисла кога го видов насловот на книгата ми беше колку би било убаво кога навистина би можеле да живееме без стрес. Но веднаш го отфрлив првичното воодушевување, зашто живот без стрес значи дека ништо околу нас и во нас не се менува, а животот без промени и без случувања не е живот. Токму тука е и поентата на книгата. Таа н е учи не како да живееме без стрес, туку како секојдневните стресови да ги искористиме и да ги претвориме во позитивен стрес. Со богати приме­ри опфатени се сите локации на стресот: стресот во семејството, на работа, во емотивните врски, во меѓучовечките релации... и тоа е дадено со објаснување и посо­чување на начинот со кој може да се отстрани негативното влијание на стресот, а сепак оставајќи доволно отворен простор за секој да може да го најде индивидуалниот пристап кон решавањето на стресните ситуации.

Топло ја препорачувам книгата на секој оној кој сака да ја збогати својата животна филозофија.“

Проф. д-р Јовица Угриновски (повеќе)

 

 


300ден.
(+поштарина)
 
Големата борба
Елена Г. Вајт

Извонредна историја за космичкиот судир во кој е вовлечена и нашата планета на која со векови беснее жестока борба меѓу доброто и злото, оган во кој гори човечкиот род, арена на страшни крвави сцени и настани што силно го потресувале човештвото. Многу убаво и верно се опишани историските делби што настанале во крилото на христијанството и средновековното мракобесие кога званичната христијанска Црква пролеала стотици илјади тони невина човечка крв. Преку последната скорешна армагедонска битка меѓу доброто и злото, во која ќе учествува цел свет, книгата на показ ни ги изнесува последните, завршни сцени и настани и нe води не само пред прагот на небесното царство, туку длабоко нe воведува во вечниот живот за кој со срце и душа копнееме. Ненадоместлива загуба за секој човек е да ја нема оваа книга (612 страници). Книгата е преведена и на албански јазик. (повеќе)

 

 


300ден.
(+поштарина)
 
Патријарси и пророци
Елена Г. Вајт

Високо квалитетно и вредно духовно дело (812 страници) од истакнатата американска писателка Елена Вајт која е најмногу преведуван автор во светската преведувачка дејност воопшто. Во оваа книга се поместени извештаи за генезата и подемот на гревот кој предизвикал бунт и војна на небото која е пренесена на земјата, опишано е создавањето на Адама и Ева и нивниот пад во грев со неговите катастрофални последици, потопот како прва катаклизма што ја снашла нашата планета, поминувањето на Божјиот народ низ Црвеното Море, објавата на Божјиот закон (Десетте Божји заповеди) на Синај и светата бурна историја на народот во периодот на патријарсите и пророците од Адама до Давида. (повеќе)

 

 


300ден.
(+поштарина)
 
Копнежот на вековите
Елена Г. Вајт

Единствена книга од ваков вид која зазема челно место во опусот на светското духовно богатство, врвно место во рамките на светската духовна ризница, почесно место во Американската национална библиотека. Пред себе имаме неповторлив систематски опис и коментар на библиските евангелија, брилијантен анимиран приказ на евангелските настани и на личноста на Исуса Христа. Вековен копнеж на човекот бил да најде Спасител од чемерот, јадот и очајот на грешниот живот на овој свет... Копнеел за спасител кој ќе го ослободи од животот проникнат и обременет со страв и ужас, со болки и страшни грозомори... со смрт и гроб. Таков Спасител ни нуди оваа книга од 862 страници. Тој Спасител е нашиот Исус Христос кој ни нуди вечен живот. (повеќе)

 

 


100ден.
(+поштарина)
 
Светот по 2000-та
група автори

Вкусно опремена и со мошне привлечна содржина, оваа книга на своите 120 страници ни нуди интересни наслови, како што се: “Загрозена планета”, “За иднината”, “Зошто толку цркви?”, “Постои ли надеж?”, “Последни зла”, “Визија за новиот свет”, “Кога?”... Таа е дело на повеќе автори во кое тие се соочуваат со предизвиците што постојат и што допрва му претстојат на човештвото. Тоа го прават низ една анализа на поважните збиднувања во светот денес, како што се еколошката состојба на земјата, моралните вредности на општеството, религиските токови во современиот свет. Се осврнуваат и на разликата меѓу христијанството и останатите религии, давајќи ни основни поими за исламот, будизмот, хиндуизмот и јудаизмот. (повеќе)

 

 


150ден.
(+поштарина)
 
Христовите параболи
Елена Г. Вајт

Во своите параболи или споредби, земени од обичниот живот, Христос божествената вистина ја поврзувал со обичните настани, со искуствата на овчарите, на гра дителите и земјоделците, со искуствата на патниците и домаќинките. Во нив непознатото е насликано со познатото, божествените вистини со земни поими со кои луѓето се добро запознати.

Водејќи ги од земното кон духовното царство, Христо­ви­те параболи, во кои Христос ги искажал своите најсилни мисли, станувале алки во синџирот на вистината што го поврзува човекот со Бога, земјата со небото. (повеќе)

 

 


500ден.
(+поштарина)
(потрошена)
 
2000-та и по неа
Марк Финли

Иако нашата планета, нашиот стар и изнамачен свет, секој ден се лизга во амбис, запаѓа во длабок безизлез, во страшен хаос, авторот на книгата (128 страници), Марк Финли, нe упатува на Оној кој има излез, нe упатува на Христа за кого не постои никаков хаос, кој им приготвува светла иднина на своите верни и предани следбеници. Тоа не е сон. Не е измислена приказна. Тоа е реалност денеска - уште сега. Еве дел од содржината на книгата: Свеж здив на надеж * Изненадувања во последното време опишани во Откровението * Последните минути од историјата * Кога ќе заврши времето - во прегратки на љубовта! * Подготвени за Неговото доаѓање * Како да се преживее? * Откровението - предизвик за видовниците * Вистината за астралните патувања и доживувања на душите на лицата на претсмртна постела * Местото на кое можам да му припаѓам * Запечатени или жигосани за навек * Кога слободата ќе избледи * Идниот свет (повеќе)

 

 


70ден.
(+поштарина)
 
Библијата - времеплов во иднината
-

Малечка брошура од 36 страници која зборува за Библијата како пророчка книга која го предводи времето и настаните во него. Кога патуваме во некое далечно место, одиме на пат на кој има патокази кои ни даваат информации и упатства како да стигнеме до целта. Библијата ни дава многубројни информации и упатства по кој пат да одиме и како да стигнеме до целта - во вечен живот. (повеќе)

 

 


100ден.
(+поштарина)
 
Патот кон Христа
Елена Г. Вајт

Нема грев - таен, јавен, длабок, стар, страшен... кој Бог не може и не е подготвен да го прости. За Бога не постои нерешлив случај, не постои грешник - толку голем, толку длабоко потонат во беззаконие - кој не може да го најде вистинскиот излез, вистинскиот пат. Патот е толку лесен, толку едноставен... Оваа книга, со своите стотина страници, насловена како “Патот кон Христа”, е бестселер на светската духовна литература, печатена во милиони примероци на сите јазици. Јасна, концизна и практична книга која детално ги третира поимите вера, молитва, покајание, грев, простување, посветување, спасение... (повеќе)

 

 


100ден.
(потрошена)
 
Опасна авантура наречена спиритизам
Роже Морно

Автобиографско дело на Роже Морно во кое е опишано неговото лично искуство со една спиритистичка, сатанска секта, станувајќи директен поклоник на сатаната. Постојат стапици - опасни, поопасни, најопасни... Излез - можен, неможен, воопшто неможен... Љубопитството не води секогаш низ возбудливи авантури со среќен завршок. Тоа често завршува во безизлез. Зошто да станеш гламна истргната од оган, или, уште полошо - пепел? Во оваа книга од 156 страници ќе ги откриеш најопасните стапици на сатаната во кои упаѓаат и во мрак исчезнуваат милиони луѓе. Зошто да бидеш и ти еден од нив? (повеќе)

 

 


150ден.
(+поштарина)
 
Современиот човек и Библијата
Х. Хајнц

Една од најубавите книги (244 страници) од областа на теолошката литература која темелно и зналечки ја обработува целокупната библиска наука. Нејзиниот автор, Х. Хајнц, е еден од најголемите современи теолози кој на извонредно прифатлив начин го упатува современиот човек на патеките на Божјата реч, на Библијата, откривајќи ги пред него нејзините брилијантни духовни скапоцености и создавајќи кај него желба да ги прифати нејзините духовни богатства, да нурне во нејзините длабини и да ужива во изобилието на Божјата љубов и милост, со чија помош добива вечен живот. Книгата се користи како учебник на некои теолошки факултети. (повеќе)

 

 


100ден.
(+поштарина)
 
Утре почнува денес
Алф Лоне

Низ многубројни убави, мошне интересни и практични примери и стории од животот, авторот на оваа книга од 148 страници ни ја доловува неприкосновената вистина дека темелот на иднината се поставува денеска, дека иднината својата рака ја подава денеска, дека утре навистина почнува денеска... Авторот говори за важните подрачја на животот како што се успехот, задоволството во секојдневниот живот, бракот, религијата... нудејќи одлична перспектива за оние кои сакаат повеќе од обичен живот. Посебно препорачлива за тинејџерите и луѓето пред битни одлуки во животот. (повеќе)

 

 


100ден.
(+поштарина)
 
Основни вистини на Светото писмо

Оваа книга (170 страници) на мошне лесен и едноставен начин ни нуди систематско проучување на основните вистини на Светото писмо, тематски комплетно ја обработува суштината на Библијата на начин разбирлив и прифатлив за секого. (повеќе)

 

 


300ден.
(+поштарина)
 
Апокалипса-Откровение
Д-р Марвин Максвел

Д-р Марвин Максвел, теолог и професор по историја на Универзитетот Ендрус во Мичиген, внимателно ги протолкувал пророштвата на последната библиска книга “Апокалипса” или “Откровение” и одговорил на прашањата кои денес стануваат сe поактуелни (736 страници). Откровението е книга со длабока уметничка вредност, божествено инспирирана и со љубов напишана. Таа е најбогат извор на библиски пророштва искажани и напишани со неверојатни симболи кои одговараат на природата на соодветните настани што се одигрувале низ вековите кои читателот без здив го водат низ историјата, почнувајќи од ранохристијанскиот период, па сe до прагот на Божјето царство, и понатаму, во вечноста, сосредоточувајќи се на скорашниот славен и најславен настан не само за нашата планета, туку и за целата вселена - на второто Христово доаѓање. (повеќе)

 

 


Бесплатна
(потрошена)
 
Христос - вистински Месија
Група автори

На извонредно убав начин авторите на книгата (208 страници) нe воведуваат на сцената на библиските изворни евангелски настани на која го набљудуваме Христа како лекува болни од секаква болест - им враќа вид на родени слепци, крева на нозе луѓе долги години парализирани и врзани за постела, лекува болни чиешто тело е обезличено од страшната болест лепра, ослободува опседнати од демони кои им создаваат ужасни психички маки и проблеми, и заповеда на луња да стивне и таа му се покорува, дига мртви; ги поучува луѓето на вистинскиот пат кој води во вечен живот каде што не ќе има грев, каде што “Бог ќе избрише секоја солза од нивните очи и каде што нема веќе смрт, ни тага, ни плач, ниту болка, зашто првото помина” (Откровение 21,4). (повеќе)

 

 


150ден.
(+поштарина)
 
Делата на апостолите
Елена Г. Вајт

На страниците на оваа книга (480 страници) се поместени извонредни извештаи за животот и работата на Христовите ученици, апос­толите. Со својата содржина таа комплетно ги покрива актив­нос­тите на ранохристијанската, апостолската црква која, под вод­ство на Светиот Дух, што го примила на Духовден, постигнала силен подем и сјајни резултати при ширењето на Христовото евангелие со кое била проникната, уривајќи ги при тоа тврди­ните на паганството и христијанизирајќи ги многубожечките народи. Авторот Е. Г. Вајт во книгата нe запознава со севкупното дело на Божјите пратеници, апостолите, опишано и во нивните посла­нија, кои се феноменален извор на информации и сознанија за развитокот на Христовата црква во првиот век, кога се поста­вувале темелите на изворното библиско христијанство, чиишто потомци треба да бидеме и ние денеска. (повеќе)

 

 


200ден.
(+поштарина)
 
ВРЕМЕТО И ЗНАЦИТЕ
Никола Тасевски

Времето во кое живееме ние во Библијата се нарекува “последно време”, “последни денови” и “крај”, а ние “последно поколение”. Приведуваме мал дел од нејзината (492 страници) содржина: “Земјата тажи, венее, светот гине, згаснува, небото про­паѓа со земјата... Ете, Господ ја ништи земјата, ја разурнува, ја обезобразува, ги распрснува нејзините жители... Земјата ќе биде запустена, зашто Господ реши така. Проклетство ја голта земјата... Изгорени се земните жители, малку луѓе останаа. Лозата венее, воздивнуваат сите чиешто срце се веселеше. Прекрати разиграноста, замре радосната врева, замолкнаа веселбите... радоста е протерана од земјата... Стравотија, јама и стапица се пред тебе, жителу на земјата!... Ќе се растресат темелите на земјата. Земјата ќе се разбие грозно, земјата ќе се распука страшно, земјата ќе се стре­се силно, земјата ќе се залула како пијан човек, ќе се затетерави како колиба, толку ќе и стежне нејзиното беззаконие, што ќе падне и веќе не ќе стане.” “Тоа ќе биде време на стра­дање какво што немало откако постојат луѓе па сe до тогаш” (Исаија 24,1-20; Даниел 12,1). Христос кажува: “Луѓето ќе умираат од страв во исчекување на она што ќе го снајде светот”, и додава: “Блазе на мртвите кои отсега умираат во Господа” (Лука 21,26; Откровение 14,13). (повеќе)

 

 


70ден.
(+поштарина)
 
Денот кога ќе исчезне злото
Клифорд Голдштајн

Наведуваме само еден цитат од книгата (100 страници) на Клифорд Голдштајн: “Луѓето ги задушувале, па пак ги враќале на свест. Преку прстите на рацете и нозете преминувале со остри тркала... Главите толку силно им ги стегале со ремени и јажиња, што крв се леела од очите, од носот, ушите и устата... Во устата им ставале запален барут, со што им ги парчосувале главите... Протестантите ги врзу­вале за нозете и со главата свртени над оган ги сушеле на дим... Врзувани, задавувани, горени, претепувани, спалува­ни, распнувани, со пресечени јазици, носови, уши... со пресечени органи, парчосувани и за петиците влечени низ градските улици.” Библиските пророштва кажуваат дека ќе се повторат истите грозомори, мракобесија, хорори и холокаусти низ кои поминувале мачениците во минатото. (повеќе)

 

 


500 ден.
(+поштарина)
Исхраната и здравјето
д-р Роџер Памплона

„Студиозниот пристап на авторот кон неправилната исхрана ги покажува пропустите и недостатоците од внесување на градивните, енергетските и заштитните материи неопходни за добро здравје на современиот човек кој често, многу повеќе од порано, живее во стресни ситуации, употребува разни средства за стимулација и неправилно се исхранува. Преголемата и секојдневна употреба на анимални протеини и липиди ја зголемува можноста од појавување на кардиоваскуларни и цереброваскуларни болести и тумори.

Авторот со факти ни ја покажува предноста од употреба на разновидна, избалансирана вегетаријанска исхрана која е богата со лесно сварливи белковини, витамини, олигоелементи, растителни влакна и други материи кои се неопходни за човекот кој поголемиот дел од денот и животот го поминува во зголемена психичка напрегнатост и намалена физичка активност, или пак се храни со рафинирана, индустриска храна, богата со анимални липиди и со бел рафиниран шеќер.

Ја препорачувам оваа книга, „Исхраната и здравјето“, затоа што таа е корисна како прирачник и потсетник за секого кој сака да се исхранува правилно за да го намали ризикот од кардиоваскуларни и малигни заболувања.“

Академик д-р Жан Митрев (повеќе)

 




 

ПОРАЧКА
Ги порачувам книгите:

со вкупна цена од

+ поштарина
која ќе ја платам при приемот на книгите


име и презиме:

улица и број:

место:

телефон:

е-mail:


 



 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески. Одговара: Михајло Гурев