Името Адвентисти на седмиот ден ги вклучува основните верувања кои се карактеристични за нас како Црква.

"Адвентисти..."

Библијата зборува за човечката историја: за падот во грев, за Божјата љубов кон човекот, за Исусовата жртва на крстот, за принципите според кои човекот треба да живее, за Божјето решение за проблемот на страдањата и смртта...; и сите тие теми својата кулминација ја постигнуваат во најважниот настан пред кој стои планетата Земја - Второто Христово доаѓање.

Кога, по воскресението од мртвите, Исус се вознел назад кон Божјиот престол, Tој заминал со ветувањето: „ПАК ЌЕ ДОЈДАМ!

Христијаните низ сите векови (но, и Божјите луѓе пред нив) живееле со надеж и исчекување на тој ден. Тоа е ден кога ќе биде ставен крај на злото и ќе се исполнат зборовите на толку посакуваното ветување: " и ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното (стариот свет) помина.” (Откровение 21,4)

При своето второ доаѓање Христос ќе им ја даде ветената награда, која ја обезбедил со својата смрт на крстот, на сите кои низ историјата Го прифатиле за свој Спасител и своите животи ги ускладиле со неговите заповеди.

Воскресение од мртвите, вечен живот на обновената Земја - тоа е платата што ќе ја добијат! „Зашто самиот Господ... ќе слезе од небото и мртвите во Христа ќе воскреснат прво. Потоа ние живите, ние кои останавме, ќе бидеме земени заедно со нив на облаците, во воздух, во пресрет на Господа; и така засекогаш ќе бидеме со Господа“. Исус рекол: „Јас сум Воскресението и Животот, кој верува во Мене и да умре - ќе живее“, „А ова е волјата на Оној кој ме пратил: да не изгубам ништо од се што ми дал, туку ДА ГО ВОСКРЕСНАМ ВО ПОСЛЕДНИОТ ДЕН“. (1. Солунјаните 4,16-17; Јован 11,25; 6,39)

Без овој настан христијанството не би било ништо повеќе од само уште една филозофија на светов. Но, не! Уште од почетокот Бог имал намера човекот да живее вечно. А сега тој план, еднаш нарушен со Адамовиот грев, конечно ќе стане стварност, за сите оние кои застанале на Божјата страна, за сите кои го прифатиле тоа немерливо богатство платено со крвта на Божјиот син, за сите кои го прифатиле дарот на вечниот живот преку Исуса Христа.

Изразот „Адвентисти“ ја отсликува нашата огнена увереност во блискоста на тој величенствен настан - Христово второ доаѓање (advent).

Таа увереност секојдневно се потврдува и засилува со настаните кои се случуваат во светот, а се претскажани од самиот Исус како знаци кои го највуваат неговото доаѓање.

 

"...на седмиот ден"

Адвентистите ја прифаќаат, библиски потврдената непоминливост и важност на сите Десет Божји заповеди, вклучувајќи ја и четвртата.

Таа заповед го повикува човекот да го празнува Божјиот ден за одмор, седмиот ден - сабота: „Помни го денот саботен, за да го празнуваш. Шест дена работи, и сврши ги во нив сите работи свои; а седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог; тогаш немој да вршиш никаква работа... оти за шест дена ги создаде Господ небото и земјата, морето и сe што е во нив; а во седмиот ден си отпочина: заради тоа Господ го благослови седмиот ден и го освети.“
(2 Книга Мојсеева 20,8-11).

Саботата е воспоставена при создавањето на планетата Земја и претставува печат, потпис на Божјето авторство.

Оттаму изразот "на седмиот ден" во нашето име.

 

Ви препорачуваме

Големата борба
Историјата на христијанството: неговиот подем, пад, реформација... Настаните кои го најавуваат Второто Христово доаѓање...
 
повеќе


Патријарси и пророци
Историјата на човештвото од создавањето на светот, падот во грев...
 
повеќе


 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески.
Соработка: Михајло Гурев, Никола Христовски. Одговара: Томе Трајков