|
|
 |

Зорица Алексовска
Ја следев молњата
Се викам Зорица Алексовска, имам 27 години, мажена сум и работам како технички секретар во приватна фирма.
Потекнувам од просечно православно семејство, кое живееше скромен и морален живот. Верував во Бога онака како што сум била поучена.
Имаше многу работи кои не можев да ги разберам. Често, со поглед вперен во небото, размислував за темите како што се: Што е тоа вечност? Кој е Господ? Од каде е? Зошто е толку далеку? Дали ме слуша (иако длабоко во себе, без никој да ми каже, бев убедена дека многу внимателно го следи мојот живот), и уште безброј прашања. Се прашував дали и другите луѓе размислуваат за истите работи како и јас.
Отсекогаш чувствував дека околу мене е некаква сила која ме следи, ме чува, ме упатува... ,но не знаев како тоа да си го објаснам. Имав некакво чувство на исчекување, чувство дека нешто недостасува во мојот живот. Гледајки на животот се прашував: "Зарем ова е се?“
Пред шест години на ТВ "Амазон“ имаше серија емисии во кои се зборуваше за Билијата. Говорникот и припаѓаше на Адвентистичката црква.
Не можев да се сложам со некои од изјавите што ги чув, но сепак нешто одвнатре ми зборуваше дека тоа е вистина. Се борев со себе си. Навечер, кога ќе останев сама во мојата соба, го прашував Бога во молитва: "Боже, дали е можно дека треба да отстапам од традиционалната вера? Зарем адвентистите се во право?“
Како времето одминуваше, во мене сe повеќе растеше уверувањето дека зборовите од Библијата се вистина, и јас одлучив да ги прифатам. За сето време, додека се водеше борба во мене, јас ја истражував Библијата и проверував дали тоа што беше изнесувано на ТВ-емисиите е навистина така и во Библијата.
Едно време почувствував потреба некој да ми помогне во проучувањето. Одлучив да ја побарам Адвентистичката црква. Бидејќи не сакав да одам сама, отидов заедно со сестра ми - таа не знаеше ништо за моите размислувања и планови.
Додека ја баравме улицата каде се наоѓа црквената зграда, почна да врне дожд. Заврна толку силно што никако не можевме да се снајдеме по улиците.
"Ајде да си одиме дома!" - ми рече сестра ми.
Се почувствував натажена мислејќи: "што ако сега ја испуштам шансата?" Си реков: "Боже, те молам помогни ми, дај ми некаков знак, ти знаеш што ми е во срцето...!"
Во тој момент секна молња и, не знам зошто, одлучив да одам во тој правец. Кога стигнавме на местото каде што ја видовме молњата, на објектот пред нас пишуваше: "ХРИСТИЈАНСКА АДВЕНТИСТИЧКА ЦРКВА".
Од денот кога влегов во црквата одлучив никогаш повеќе да не живеам одвоено од Бога. Посакав да станам дел од тоа големо семејство на христијани-адвентисти низ целиот свет, кои го чекаат Второто христово доаѓање како што е најавено во Библијата.
Ме прашувате зошто станав адвентист? Затоа што запознавајќи ја вистината, информациите забележани во Библијата, наеднаш ми се исполни празнината, копнежот што го носев во срцето - копнежот по Бога!
|
 |
| Моето лично искуство |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
Доколку сте адвентист/ка испратете ни го Вашето искуство и збогатете ја нашате рубрика. |
 |
 |
 |
 |
|
|
 |
Растев со Исус |
| "...По природа сум многу темпераментна личност и од секогаш бев весела, но сега бев исполнета, исполнета зашто растев со Исус…" (повеќе) |
|
 |
Празнина во срцето |
| "...Иако бев мало дете, сепак во моето срце постоеше копнеж, она нешто што Бог го оставил како празнина во срцето која единствено може да се задоволи со познанство и љубов кон Него." (повеќе) |
|
 |
Ми се допадна буквално се! |
| "...поканата беше малку изџвакана од бебето... Погледот ми се запре баш таму! Ја прочитав и одлучив да појдам и видам за што поконкретно станува збор" (повеќе) |
|
 |
Црквата од мојот сон |
| "......од ден во ден стоев пред домашната икона и се молев за здравје и благослов за мене и за моето семејство... но ситуацијата не се подобруваше..." (повеќе) |
|
|