Како дојдовте во контакт со Библијата? Од дете ја познавам Библијата, преку баба ми која е адвентист. Од шест години ја посетував адвентистичката црква и оттогаш таа ми е во срцето. Моите родители не знаеа каде одам, бидејќи беа против верата на баба ми. Иако бев мало дете, сепак во моето срце постоеше копнеж, она нешто што Бог го оставил како празнина во срцето која единствено може да се задоволи со познанство и љубов кон Него.
Што беше тоа што Ве привлече? Едноставното присуството Божје, нешто што е необично. Бидејќи не потекнувам од адвентистичко семејство, долго време не ја посетував Адвентистичката црква, но потоа се вратив таму. Во животот имам видено многу нешта. Барав среќа и смисла, мислам како и секој друг човек. Но, ништо од она што го видов и вкусив не ми ја исполни празнината во моето срце. Едноставно мислам дека Божјето присуство е тоа што ни ги исполнува нашите срца.
Зошто се одлучивте баш за адвентистичката црква? Се одлучив за Адвентистичката црква бидејќи мислам дека ја имаат вистината, се придржуваат целосно до Библијата и тоа за мене е од големо значење бидејќи Библијата е Божјиот збор - едниственото нешто што е меродавно за да се одлучиме кој пат е вистински.
Што практично значи за Вас тоа што сега сте христијанин - адвентист? Иако своевремено не одобруваа (најмногу од неинформираност и неодобрувањето на околината), кога станав адвентист моите родители беа пресреќни. Мајка ми со радост им раскажуваше на сите за тоа колку сум промената кон подобро, бидејќи промената во мојот живот многу им значеше и бидејќи мојот дом доживуваше промени со тоа што јас се променив. Дури и тие самите размислуваат да станат Адвентисти.
Мирјана Гурева Празнина во срцето
Иако бев мало дете, сепак во моето срце постоеше копнеж, она нешто што Бог го оставил како празнина во срцето која единствено може да се задоволи со познанство и љубов кон Него.
Моето лично искуство
Доколку сте адвентист/ка испратете ни го Вашето искуство и збогатете ја нашате рубрика.
Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески. Одговара: Михајло Гурев