„Си ја сменил верата?!“

Не се малкумина оние кои станале адвентисти и кои ја слушнале оваа изјава од своите блиски.

Кај луѓето вообичаено е прифатена мислата дека верата се наследува од предците - ако твоите биле православци и ти си автоматски православец (или католици, муслимани и др.). Исто така, верата се поврзува и со националниот идентитет.

Заради ваквите, според Библијата, погрешни сваќања во народот, секој кој ќе прифати друга вероисповест, бива окарактеризиран како некој кој се откажал од своите корени, ги издал своите сонародници... и што ли уште не!

Постои една нелогичност во овој став за која, сметам, луѓето не размислуваат многу. Имено, ако толку ни е важно да бидеме како нашите дедовци, прадедовци,... да ги зачуваме своите корени, зошто не одиме по улица во народна носија? Зошто не одиме на работа со магаре или коњ? Зошто сите користиме електрично осветлување наместо газиени лампи или свеќи? Зошто ги вакцинираме нашите деца? Зошто кога сме болни одиме на лекар, а не кај некоја бабичка да нe бае (иако некои се уште одат)? Зошто мобилни телефони, телевизија и компјутери?

Мора да си признаеме дека во многу се разликуваме од нашите прадедовци! Иако напредокот на технологијата и модернизирањето на животот не ни носат секогаш само полезни работи, сепак, факт е дека со многубројните изуми животот е олеснат, здравјето позаштитено и сл.

Со ова не сакам да кажам дека верата е нешто што треба да се менува или еволуира со текот на времето, туку сакам да го потенцирам мисловниот момент во прифаќањето на нештата. Нашите предци живееле како што живееле затоа што толку знаеле. Знаењето во светот се зголемило и ние сега живееме поинаку од нив.

Исто е и по прашање на верата. Знаењето за верата е зголемено. За разлика од минатото, кога мнозинството луѓе биле неписмени и за својата вера дознавале посредно, денес ние имаме Библија на свој, мајчин јазик, и можеме слободно да ја читаме и директно од неа да дознаеме за христијанската вера.

Адвентистите (како и многу други), читајќи ја Библијата, заклучиле дека во христијанството се навлезени учења и обичаи кои се противни на она што Бог го кажува. Едноставно, никаде во Библијата, од првата до последната страница, не наоѓаме запис во кој Бог одредил да се чинат нештата кои се вообичаени во многу христијански цркви денес. Затоа, поучени од Божјиот Збор - Библијата, кој е единствено мерило на верата, адвентистите живеат и веруваат „поинаку“ од другите христијани.

Иако, поради предрасудите, понекогаш од своите сограѓани добиваат негативни реакции заради тоа што ја „смениле верата“, адвентистите сметаат дека со прифаќањето на изворното, библиско христијанство прават нешто многу позитивно и доблесно, не само за себе и своите семејства, туку и за напредокот на целокупното општество.

Мнозина низ историјата кои со своите достигнувања или пронајдоци му донеле добра на светот, за време на својот живот биле неразбрани и неприфатени од своите современици. Исто како нив и адвентистите, свесни за вредноста на она што го пронашле, доброволно го прифаќаат товарот на приговарања и неразбраност од некои од луѓето.

 

САКАМ ДА ПРАШАМ...
Доколку имате некое свое прашање кое не е опфатено во содржините кои ви ги изнесуваме или пак за некое од нив би сакале поподробно објаснување, Ве молиме пополнете ги полињата подолу. Ќе се потрудиме во најкраток можен рок да ви одговориме.

вашето прашање:

е-mail:

 



Времето и знаците
Книга во која се разрешени бројни прашања и дилеми преку одговори исцрпени од Библијата како единствено вистинско мерило...
 
повеќе


 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески. Одговара: Михајло Гурев