Дали адвентистите се женат/мажат? Имаат ли деца?

Ваквиот тип на прашања, според нас, е банален. Но, времето во кое живееме со сите свои изопачености, ни налага, за жал, да зборуваме и за една ваква тема која во минатото би била разбирлива сама по себе.

Уште на првите страници на Библијата читаме за воспоставувањето на првиот брак помеѓу Адам и Ева. Тој брак го воспоставил и благословил лично Бог - значи бракот и брачните односи се нешто природно, нормално, дел од Божјата креација. Се додека е во рамките на Божјата замисла (еден маж и една жена), бракот е благослов, или како што вели еден писател - „парче од рајот на Земјата“.

Што се однесува до децата Библијате вели: „И Бог ги благослови (Адам и Ева) и им рече Бог: Плодете се и множете се и наполнете ја земјата...“ (1 Мојсеева 1,28) „Еве наследството Господово се синовите, дар од Него е породот“ (Псалм 127,3). „Дај ни (Боже) синовите наши да бидат како билки кои растат од младоста своја, а нашите ќерки како крајаголни столбови, убави како крајаголните столбови на храмот“ (Псалм 144,12). Уште на многу други места Библијата зборува за скапоценоста на децата.

Адвентистите особено внимание полагаат на нивното воспитување. Како црква, на светско ниво, адвентистите имаат еден од најразвиените образовни системи со над 5600 основни, средни и високошколски установи.

Значи, одговорот е: Да, адвентистите се мажат и женат, основаат семејства и имаат деца!

 

САКАМ ДА ПРАШАМ...
Доколку имате некое свое прашање кое не е опфатено во содржините кои ви ги изнесуваме или пак за некое од нив би сакале поподробно објаснување, Ве молиме пополнете ги полињата подолу. Ќе се потрудиме во најкраток можен рок да ви одговориме.

вашето прашање:

е-mail:

 



Времето и знаците
Книга во која се разрешени бројни прашања и дилеми преку одговори исцрпени од Библијата како единствено вистинско мерило...
 
повеќе


 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески. Одговара: Михајло Гурев