150ден.
(+поштарина)
 
Христови параболи
Елена Г. Вајт

Големиот Учител, Христос, своите најсилни мисли ги искажал патувајќи со своите ученици по ритчињата и долините на Палестина, или додека се одморал на бреговите на Галилејското Езеро и реките. Во своите параболи или споредби, земени од обичниот живот, Тој божествената вистина ја поврзувал со обичните настани, со искуствата на овчарите, на градителите или земјоделците, со искуствата на патниците и домаќинките. Познатите поими ги поврзувал со вистински прекрасни мисли - со мисли за Божјата нежна грижа за нас, за благодарноста што со право ја очекува од нас и за нашата должност да се грижиме едни за други. Овие поуки за божествената мудрост и за практичните, секојдневни вистини, ги објавувал силно и влијателно.

Во оваа книга неговите параболи се поделени, разработени и илустрирани тематски. Книгата е полна со вистински скапоцености и на многу читатели ќе им помогне посестрано да ја запознаат вредноста и важноста на она со што се опкружени во својот секојдневен живот.

Многубројните изданија на оваа книга на оригиналниот, и на многу други светски јазици, ја покажуваат нејзината вредност и омиленост. Се надеваме дека и ова издание, прво на македонски јазик, ќе им послужи на благослов на сите читатели на лесен и едноставен начин да се запознаат со Христовите учења.

 

 



 

 

ПОРАЧКА
Ги порачувам книгите:

со вкупна цена од

+ поштарина
која ќе ја платам при приемот на книгите


име и презиме:

улица и број:

место:

телефон:

е-mail:


 



 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески. Одговара: Михајло Гурев