500ден.
(+поштарина)
(потрошена)
 
2000-та и по неа
Марк Финли

Како да се преживее во новиот милениум? Некои предвидуваат дека земјината оска уште повеќе ќе се искоси или ќе претрпи други големи промени. Дали да им веруваме? Се приближуваме ли кон криза која ќе му стави крај на животот каков што го познаваме?

Ваквите и слични прашања бараат итни одговори додека секој ден пристигнуваат нови извештаи за земјотреси, катастрофи, вулкани, суши, пожари, поплави, циклони, тајфуни, војни, насилства, криминал, тероризам, глад, несреќи, нови болести... Постои ли сигурен извор кој може да ни даде информации за иднината?

Марк Финли, телевизиска личност и автор на книгата “2000та и по неа” (128 страници), одговара во неа на тешкото прашање како да се планира животот во дваесет и првиот век. Тој нe упатува на Библијата - на нејзините вистински предвидувања. Пораката на оваа книга нe чува од измамите и ни открива како да живееме успешно денеска и во иднина.

Иако нашата планета, нашиот стар и изнамачен свет, секој ден се лизга во амбис, запаѓа во длабок безизлез, во страшен хаос, авторот нe упатува на Оној кој има излез, нe упатува на Христа за кого не постои никаков хаос, кој им приготвува светла иднина на своите верни и предани следбеници, и прашува: Како воопшто е можно да му го свртиш грбот на Оној кој толку многу те сака? Како воопшто би можел да го напуштиш него? Тој копнее да оди со тебе низ сета вечност. Тој чезнее да ти ги открие тајните на својата љубов. Тој жеднее да те држи во своите прегратки, сигурен и безбеден засекогаш. Тоа не е сон. Не е измислена приказна. Тоа е реалност денеска - уште сега. Овој миг те повикувам да стапиш во сигурноста на неговата љубов и тука да останеш засекогаш.

Во ова наше време, кога луѓето во светот запаѓаат во тежок, неподнослив песимизам и бесперспективност, тој при крајот од книгата го подига нашиот оптимизам на највисоко можно ниво.

“Наскоро на оваа планета ќе се појави друго време во блескотна слава. Картеровото откритие на Тутанкамоновиот гроб е само бледа слика на она што ќе се случи со нас. Ѕурејќи низ отворот на гробницата, тој занемел пред прекрасната глетка што ја видел. лПрекрасни работи... Блескотно злато... насекаде.' Одненадеж пред него оживеал еден друг свет.

Замисли сега како ќе биде кога наскоро ќе го видиме директно небото, лично Исуса Христа, како слегува на оваа планета при своето второ доаѓање. Јас сакам да учествувам во таа голема повторна средба. Сакам мојот живот да биде насочен кон вечната слава која ги надминува сите мои сегашни тешкотии. Сакам мојот живот да го ставам во рацете на Спасителот Исус Христос, денеска - за да можам да го видам лице в лице утре. Копнеам за оној живот и за оној свет што ми го нуди мојот Спасител Исус Христос во својата Реч, во Библијата: лШто око не видело, што уво не чуло и што во човечко срце не дошло, тоа Бог го подготви за оние што го љубат' (1. Коринќаните 2,9).

Таму, во Божјето царство, лбесмртните умови со неугаслива одушевеност ќе ги проучуваат чудесата на творечката моќ и тајните на љубовта која спасува. Таму можат да се извршат најголемите потфати, да се остварат највозвишените стремежи, да се исполнат најдлабоките желби, и сe уште ќе постојат нови цели да се постигнуваат, постојано нови врвови да се освојуваат, нови хоризонти и видици што ќе пленуваат, нови чуда што ќе бидат предмет на восхитување, нови вистини да се сфатат, нови предмети да ги поттикнат силите на разумот, на душата и телото да се развиваат.

На откупените ќе им стојат на располагање сите вселенски богатства за истражување. Ослободени од смртноста, со неискажлива милина и со неуморен лет, тие ќе се вивнат кон другите светови, чиишто жители никогаш не паднале во грев, за да ги уживаат благодетите на тие цивилизации кои се далеку пред нас.

Големата многувековна борба е завршена. Грев и грешници нема веќе. Целата вселена е чиста. Во неа владеат потполна хармонија и радост. Од најмалечкиот атом до најголемиот свет, сe што е создадено, и живата и неживата природа, во својата непоматена убавина и совршена радост кажуваат дека Бог е љубов' (Големата борба, стр. 594595).”

“Бог ќе избрише секоја солза од нивните очи; и смрт нема да има веќе, ни тага, ни плач, ниту болест нема да има веќе, зашто стариот свет помина” (Откровение 21,4).

Зар не е тоа најдлабока желба и на твоето срце - да бидеш таму!?

 

Наведуваме и дел од содржината на книгата:

Свеж здив на надеж * Изненадувања во последното време опишани во Откровението * Последните минути од историјата * Кога ќе заврши времето - во прегратки на љубовта! * Подготвени за Неговото доаѓање * Како да се преживее? * Откровението - предизвик за видовниците * Вистината за астралните патувања и доживувања на душите на лицата на претсмртна постела * Местото на кое можам да му припаѓам * Запечатени или жигосани занавек * Кога слободата ќе избледи * Идниот свет

 



 

 

ПОРАЧКА
Ги порачувам книгите:

со вкупна цена од

+ поштарина
која ќе ја платам при приемот на книгите


име и презиме:

улица и број:

место:

телефон:

е-mail:


 



 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески. Одговара: Михајло Гурев