ПРОМОЦИЈА НА НОВО МУЗИЧКО ЦД

Почитувани,

на наша голема радост Ве известуваме дека детското хорче „КАПКИ“ при Христијанската адвентистичка црква во Скопје, сними аудио ЦД со 10 прекрасни детски песни со христијанска содржина. По тој повод организираме промоција која ќе се одржи на 10 септември 2011 г. во 18 часот, на платото пред спомен-куќата на Мајка Тереза во Скопје.

Автор на текстовите и музиката е Крешо Сењарич од Хрватска, а песните на македонски ги препеа Сузана Томовска, која заедно со Никола Христовски и Бобан Мојсовски пее заедно со децата.

Овој тип на музика веќе одамна е популарен во светот, а кај нас ова цд ќе се вброи можеби меѓу првите од тој тип. Покрај веселиот ритам и детската раздвиженост, содржините на песните изобилуваат и со морални пораки, како на пример во песната „Зошто се карате и се расправате?“ во која авторот ги повикува момчињата и девојчињата да ја гледаат убавината токму во разликите. Низ песничките се запознаваме и со библиските настани и личности: Ное, Аврам. Децата пеат и за убавите плодови во природата, благословот на лебот кој секојдневно го имаме на трпезата...

Сигурни сме дека посетителите ќе поминат пријатно време заедно со нас и дека уште долго ќе ги потпевнуваат рефрените на овие песнички кои го разгалуваат срцето.

Ќе ни биде особена чест ако и Вие бидете дел од овој настан.

Овде имате можност да ја симнете насловната нумера „Растам во Исуса“


ЦД-то „Растам во Исуса“
можете да го порачате преку СМС
на тел 071 / 569-076

СМС пораката нека го содржи зборот Растам, Ваше име и презиме, улица и број, поштенски број и место.

Пример:
Rastam, Mirjana Ivanovska, ul. Rilski Kongres br. 9, 1000 Skopje

За повеќе информации јавете се на некој од следниве телефони:
071 / 569-076, (02) 20 30 777

 

 

 

Ви препорачуваме

Времето и знаците
Книга во која се разрешени бројни прашања и дилеми преку одговори исцрпени од Библијата како единствено вистинско мерило...
 
повеќе


Патријарси и пророци
Историјата на човештвото од создавањето на светот, падот во грев...
повеќе

 
Адвентистите во Светот Адвентистите во Македонија Верувања Литература Здрав живот Детско катче Најчести прашања Контакти
Почетна страна | Врати се на почетокот од оваа страна | Препорачај ја странава на пријател

Дизајн на сајтот и подготовка на дел од текстовите: Лазар Томовски. Веб дизајн и веб програмирање: Тони Матев
Лектура и подготовка на дел од текстовите: Никола Тасевски. Коректура: Драган Лазески. Одговара: Михајло Гурев